Комуналните служби на Општина Карпош утринава продолжија со активностите за расчистување на јавните површини од вчерашното невреме во Скопје.

Како резултат на силниот ветер, се отстрануваа скршени гранки и паднати дрвја во повеќе населби.

На терен работат сите хигиеничари, како и расположливата механизација.

Општина Карпош контактираше и со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) при што, и во попладневните часови денеска се очекува посилен ветер проследен со врнежи од снег. Упатуваме апел до сите граѓани, да не ги паркираат своите возила под големи крошни од дрвја, како и да избегнуваат присуство на отворено.

Екипите на Општина Карпош се подготвени за делување, со цел спречување на штети од временските неприлики.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2020 13:35