Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска ќе допатува во дводневна посета на Вашингтон што ќе биде негова прва посета на САД како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Како што најави Брисел, Борел ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео и високиот советник на Белата куќа Џаред Кушнер. Тој ќе разговара и со претседавачот на Претставничкиот дом Нeнси Пелоси и советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан.
Состаноците претставуваат можност за зајакнување на надворешнополитичкиот дијалог на ЕУ и САД и треба особено да се фокусираат на начините за зајакнување на трансатлантските односи, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи.