Во пресрет на 23 издание на нашата најпопуларна манифестација, од штабот на Златна Бубамара го објавија следниов проглас:
„Драги наши преживеани граѓани и доживотни политичари, нема правда, има Бубамара!
Имаме милион и пол причини да дојдеме и заедно да уживаме со најголемите музички, спортски, филмски, театарски и медиумски звезди Нашиот бројчаник врти напред , а кај некои други одзади.
Дојдете со вашите чанти, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК!
Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво..
Рочиштето е закажано во четврток 27. Февруари во Арена Борис Трајковски
Нема правда, нема пара, ама има Бубамара!
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела,преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела.