Бранко Тричковски, ударното перо на СДСМ, само го пишува тоа што Зоран Заев го мисли и му го диктира.

Бранко Тричковски се чувствува слободен да шири омраза, да навредува и омаловажува само заради тоа што знае дека Заев и неговите обвинители го штитат.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува антисемитските напади од СДСМ врз првата министерка во Република Македонија со еврејско потекло, Рашела Мизрахи.

СДСМ и Заев се во голема паника зoшто знаат дека доаѓа нивниот крај. Затоа сега се закануваат, заплашуваат и шират говор на омраза. На јавноста и е јасно дека СДСМ и Заев стојат зад говорот на омраза на новинарите и медиумите кои тие ги финансираат.

Република Македонија е држава градена врз антифашистички вредности, а Заев и СДСМ ја претворија во систем кој поддржува антисемитизам и говор на омраза.

СДСМ ги поддржува и штити оние кои сеат омраза врз неистомилениците.

Не е прв пат Тричковски да шири говор на омраза, а Јавното обвинителство и Љубомир Јовевски да молчат и не преземаат ништо.

Ова не смее да остане неказнето. Овие политики на СДСМ ја водат државата во амбис.

За ова мора да има одговорност. По 12-ти април ќе се стави крај на штетните политики на СДСМ и ќе следи обнова на Македонија. Заев и СДСМ никогаш повеќе!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 12:19