Фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуват директна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој Христијан Мицкоски ревносно го брани.

Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извершител Христијан Мицкоски.

Обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.

Горан Ангелов долги години беше директор на Дрисла, го примал инфицираниот отпад да се депонира, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен градоначалник и кандидат за претседател од оваа партија во 2019 година.

Затоа извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го заташкаат случајот откако се потврди дека со години ги труеле граѓаните и природата.

Кадрите на Груевски и извршителот Мицкоски кои со години терале бизниси на сметка на здравјето на луѓето и животната средина мора да понесат одговороност. Исто и оние кои го заташкувале случајот.

Соопштение за јавност, СДСМ



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 12:47