Христијан Мицкоски преку кадрите на Никола Груевски во преодната Влада го криши Уставот на државата, го загрозува членствово во НАТО и ЕУ и Преспанскиот договор.

Tехничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи и тоа во државна институција, директно го прекрши Уставот и го поткопува Договорот од Преспа.

Загрозување на Договорот од Преспа е загрозување на членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, затоа што без Договорот нема ниту НАТО ниту ЕУ.

Таквиот противуставен потег на Мизрахи, по налог на Христијан Мицкоски и неговиот шеф Груевски е антидржавно.

Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски. Враќање во изолазија и обнова на криминалниот режим.

Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ против Преспанскиот договор, против НАТО и ЕУ се опасни за иднината на државата, за нејзините стратешки интереси.

Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите.

Соопштение за јавност, СДСМ



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 13:30