Играчот од средниот ред на Милан, Раде Круниќ ќе пропушти барем еден месец поради скршеница на десната нога, пренесува прес-службата на клубот.
Ренген снимките покажале фрактура на третата метатарзална коска на десното стапало.
Фудбалерот се повреди на еден од последните тренинзи пред утрешното градско дерби со Интер.
Предвиднео е играчот да помине низ традиционален третман без операција. За еден месец, Круниќ ќе мора на контролно снимање за да се утврди дали коската зараснала.
Од почетокот на сезоната, 26-годишниот Босанец постигна еден гол и една асистенција на 18 натпревари во сите натпреварувања.