Во последниот саботен натпревар од 21. бундеслигашко коло, Борусија Дортмунд вечерва загуби на гостувањето кај Баер Леверкузен со 4:3. За „милионерите“ ова е прв пат оваа сезона да „врзат“ два пораза.

Претходно, Борусија загуби од Вердер Бремен (3:4) во Купот на Германија.

Воедно, ова е прв натпревар откако е во нивните редови, да не се запише во листата на стрелците Ерлинг Холанд. Норвешкиот фудбалер претходно постигна осум голови на четири средби

Борусија Дортмунд е трета на табелата во Бундеслигата со 39 бода, Баер Леверкузен е петти со два бода помалку.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 22:19