Во спортските обложувалници „Sport Life“ доколку пред две недели уплатевте 1 евро и притоа типувате дека Медена земја ќе добие оскар за најдобар документарен филм ќе добиевте 13 евра, додека пак, доколку уплатевте 1 евро дека Медена земја ќе биде прогласен за најдобар странски филм ќе добиевте дури 30 евра.
На недела дена пред оддржувањето на Оскарите, работата драстично се смени па така коефициентот за добивање на Оскар за најдобар документарен филм на Медена земја од 13 падна на 5, додека за најдобар странски филм се уште беше висок коефициентот иако и тој бележи пад од 30 на 20.
Од друга страна пак, коефициентот на фаворитот според спортските обложувалница за добивање на оскар во категоријата најдобар документарен филм - Американска фабрика значително „рипна“ на седум дена пред оддржувањето на оскарите и се качи на 1.45 од 1.17.
На помалку од 24 часа од оддржувањето на престижната филмска манифестација, коефициентот за Медена земја продолжи да „паѓа“ додека за Америнска фабрика да расте. Па така за 1 евро изиграно на Медена земја ќе добиете 3.85 евра, додека за 1 евро на Американска фабрика ќе добиете 1.7 евра. Односно коефициентот за Медена земја од 5.00 падна на 3.85 додека за Американска фабрика порасна, најпрвин од 1.17 на 1.45 на 24 часа пред оскарите е 1.7 во категоријата за најдобар документарен филм.
За најдобар странски филм пак коефициентот за Медена земја падна од 20 на 13 но во оваа категорија голем пад бележи и филмот Паразит и со коефициент 1.02 е речиси извесен освојувач на оскарот во оваа категорија.
Во продолжение актуелните коефициенти во Спортските обложувалници „Sport Life“ за Оскарите.