Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, отворено призна дека има потреба од нов напаѓач.

– Нема да биде лесно да се најде вистинскиот фудбалер. Разговараме за неколку имиња. Очигледно, ни треба напаѓач, кој ќе ни помогне,рече менторот на „блаугранас“ на прес-конференција пред натпреварот со Бетис.

Тој потоа зборуваше за времето поминато во тимот, против кој се исправа вечерва во 21 часот.

– Поминав две прекрасни години во Бетис. Можам само да им се заблагодарам што ми дадоа можност да одам нагоре. Последните месеци беа тешки, но тоа е заборавено. Се сеќавам на сè од ден на ден, што е извонредно. Се сеќавам на среќните моменти, се довери тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2020 13:23