Шпанската фудбалска Ла Лига го прогласи најдобриот голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа за најдобар играч во јануари.

Мадридскиот клуб минатиот месец оствари три победи на три натпревари исе искачи на врвот на табелата.

Белгискиот чувар на мрежата прими само еден гол.

Овој тим на Реал во 23 кола има примено само 14 голови што е најдобар индикатор во клупската историја на „кралевите“ оваа статистичка категорија.

Колку е добра одбраната на Реал може да се види ако се направи споредба со најголемиот конкурент за трофејот, тимот на Барселона кој досега во првенството има примено 28 гола или двојно повеќе.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2020 18:45