Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека реакцијата на јапонските власти на ситуацијата на крузерот „Дајмонд принцес“ (Dajmond princes) била „несистематска и хаотична“.

Таа оваа оценка ја кажа за Руското радио, алудирајќи на крузерот што се закотви во Јапонија и на кој околу 3.600 патници од 50 земји и членови на екипажот се наоѓаат во карантин заради случаите на коронавирус што се појавија на бродот.

-Искрено зборувајќи, јапонските власти досега не успеаја да произведат иновативни чуда што од нив сите ги очекуваа. Тие делуваат на нестистематски и хаотичен начин, а тие акции оставаат многу прашања на кои нема одговори, рече Захарова.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 11:51