Телевизиската корпорација Би-Би-Си ќе снима документарна ТВ-серија со 17-годишната активистка за климатски промени, Грета Тунберг.

„Серијата ќе ја следи светската одисеја на Грета, што ја постави на првите борбени линии на климатските промени и ја однесе на најнеобичните места на Земјата, каде што таа истражува каква штета веќе е направена и што може да се преземе“, се вели во објавата на Би-би-си.

Проектот беше најавен вчера, но сè уште нема подробности околу датумот на прикажување, како ни за бројот на епизоди.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 11:52