Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот фејсбук профил ја искоментира ситуацијата со процедурата за Законот за Јавно обвинителство. Јанушев нагласи дека како што дошле на власт така и ќе се заминат - со фалсификат.

- Вчера се случи најбруталниот фалсификат од сите фалсификати на Владата на Заев.

Со фалсификат го почнаа и со фалсификат го завршуваат мандатот.

Со самото тоа што шверцерски, криминално-рекетарската банда на власт пред полноќ гласаше за потребата од закон за јавно обвинителство без да има закон изгласан од владата, туку само со потпис од владата, покажува дека Заев бега од одговорност. Ова го нема ниту во афричките земји.

Слободно може да се каже дека на Заев му “гори под нозе” штом со фалсификат се бори за амнестија.

Со овој потег, Заев од хибриден режим не однесе во авторитарен. Се ќе направи деспотот за да не одговара и избега од законот.

Но, од судот на народот нема бегање. И затоа ги очекува жесток пораз на изборите на 12 април, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 17:54