Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук реагираше на, според него, криминалното носење на Законот за Јавно обвинителство.

- Како криминално почнаа така и завршуваат.

Да туркате закон за јавно обвинителство на седница пред полноќ;

Да носите суштински закон за јавно обвинителство по скратена постапка;

Да го повлечете истиот закон, да тврдите дека се сменети само точки и запирки и да го вратите законот во процедура со изменети цели реченици и членови;

Да правите фалсификат и од Владата да пристигне закон кој не е изгласан од влада;

Да се борите така жилаво да не важат разговорите затоа што Заев се плаши да не има за него;

Значи само едно:

Заев со овој закон се бори за амнестија и тоа: за сопствена амнестија, амнестија на своите соработници во криминалот од раководството и коалицијата, и амнестија на своите слуги.

Од една страна туркаат закон за обвинителство пред избори чие одложено дејство ќе биде по изборите, поточно од 30 јуни, а многу им се да дадат 4 месеци експертите да изготват уставен закон за обвинителство. Ова не го прифаќаат зошто им се откриваат скриените намери за амнестија.

Нема закон кој не го прекршија и тоа не ги избавува од одговорност. Им гори под нозете и затоа овие прекршувања. 12 април доаѓа – напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 17:55