Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при гостување во емисијата што не е јасно истакна дека на македонската јавност и е јасно дека главниот обвинител Љубомир Јовески е ставен целосно во функција на власта.

Јовевски одамна го изгуби кредибилитетот да зборува за било што. Обвинител кој што прифаќа писмо кое што никој не го видел од страна на обвинител кој што е во притвор да пренесува предмети, тука треба да престанеме за зборуваме за неговиот интегритет, заклучи Николоски.

Николоски додаде дека Јовевски едно говори, но во законот пишува друго. Ако пишува „сите“ тоа треба да значи сите.

-Ова значи за македонската јавност дека Зоран Заев прави амнестија за себе, прави амнестија за Боки 13, прави амнестија за Катица Јанева, прави амнестија за Драги Рашковски, прави амнестија за Курто Дудуш и да не ги набројувам сите функционери на СДСМ кои што се затекнати за Венко Филипче, за Ден Дончев во „Рекет 2“ или ако сакате во аферата „Вирус“ или сите оние останати афери кои што излегоа пред очите на јавност. Или ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ или пак ги вадеа медиумите, појасни Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на се тоа не може да се согласи.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 21:40