Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во интервју за Телевизија Алфа, потенцираше дека брзањето за носењето на Законот за ЈО од страна на власта е единствено само за спас на Зоран Заев од неговите криминали. Николоски истакна два индикативни моменти:

-Првиот е што законот почнува да важи од 30.06.2020 година, значи нема да почне да важи од утре ако теоретски биде усвоен, но Заев брза да го усвои пред распуштањето на Собранието. Вториот индикативен момент е што Заев го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, експертите да го напишат законот при тоа овие експерти беа во најголем дел предложени од СДСМ на таа јавна расправа која што се случи во Собранието. Практично сега СДСМ бегаат од експертите кои самите ги предлагаат или во кои самите имаа доверба, а тоа е така затоа што пишуваат партиски закон односно личен закон, закон за заштита на Зоран Заев.

Николоски укажа дека за ВМРО-ДПМНЕ најспорен е членот 110 од овој закон и тоа практично значи дека сето она што го виде македонската јавност односно набавката на радарот од страна на Драги Рашковски кој беше за милион евра поскап од другата понуда која што била таму, за тепањето на луѓе од страна на градоначалникот на СДСМ, Рекет и сите останата индиции за криминал, потоа дека Зоран Заев со своето потесно и пошироко семејство како и бизнис пријатели поткупувале гласови во Струмица, во Штип, во Радовиш, согласно на овој член тие не можат да бидат процесуирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 21:57