Во телевизиското интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за емисијата “Што не е јасно” за Алфа изрази зачуденост од тврдењата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека ВМРО-ДПМНЕ вршеле притисоци да не се гласа за Законот за ЈО.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и не располага со механизми за вршење на притисоци, време е СДСМ да престане да шири лаги бидејќи веќе не поминуваат кај македонската јавност.

Зоран Заев не само што ќе одговара за криминалот кој што го сторил, туку ќе одговара и заради притисоците кои што ги прави врз пратениците. И секогаш крадецот вели „Држете го крадецот“, така и Зоран Заев малку фројдовски знаејќи дека тој ги прави притисоците излегува и во јавноста вели дека ВМРО-ДПМНЕ правело притисоци, истакна Николоски.

Тој посочи дека не е јасно како може ВМРО-ДПМНЕ да прави притисоци, кога е во опозиција.

-Кои механизми една опозиција може да располага за да може на било кого да прави притисок. Ќе му ветиме на некого вработување, ќе му ветиме на некого тендер? Ќе му се заканиме дека полиција ќе му отиде во 3 часот наутро? Ќе му се заканиме дека нешто ќе му се случи во суд или во обвинителство? Такви механизми има Заев, немаме ние, нагласи Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 22:02