Порталот „Spotrac“ објави список со најплатени играчи во англиската Премиер лига. Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа заработува најмногу – 23 милиони евра годишно. На второто место е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујн, додека трет е фудбалерот од средниот ред на Сити, Рахим Стерлинг.

Во првите 15 најплатени играчи во Премиер лигата, пет се од Манчестер јунајтед, по три од Манчестер сити и Ливерпул, по два од Арсенал и Тотенхем.

Списокот на 15 најплатени играчи во Премиер лигата:

1.Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед) – 23 милиони евра 2. Кевин де Брујн (Манчестер сити) – 19,7 3. Рахим Стерлинг (Манчестер сити) – 18,5 4. Пол Погба (Манчестер јунајтед) – 17,8 5. Месут Озил (Арсенал) – 16,5 6. Ентони Марсијал (Манчестер јунајтед) – 15.3 7. Серхио Агуеро (Манчестер сити) – 14.1 8. Мохамед Салах (Ливерпул) – 12.3 8. Маркус Рашфорд (Манчестер јунајтед) – 12.3 8. Хари Кејн (Тотенхем) – 12.3 8. Танги Ндомбеле (Тотенхем) – 12.3 12. Александар Лаказет (Арсенал) – 11.1 13. Роберто Фирмино (Ливерпул) – 11 14. Вирџил ван Дајк (Ливерпул) – 10.1 15. Хари Мегвајер (Манчестер јунајтед) – 10.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2020 23:56