Ресторанот „Mildreds Temple Kitchen“ во Торонто нуди доста провокативни програми секоја година за Денот на вљубените. Оваа година, ресторанот за Денот на вљубените ги кани гостите да имаат секс во нивните раскошни тоалети.

Во ресторанот има четири огромни тоалети каде, како што велат, има сто и едно место каде заљубените можат брзо да водат љубов. Пред вратите на раскошните големи тоалети има сигнализација за посетителите да знаат дали просториите се зафатени или не. Самиот ресторан е декориран во модернистички дух, а храната е специјално прилагодена за парови со различни афродизијаци, од остриги до јапонски бадеми.

Во понудата на ресторанот се вели дека за жал немаат презервативи, а затоа гостите мораат сами да се погрижат. Слични „љубовни ресторани“ постојат насекаде во светот, особено на Далечниот исток, но вистинската специјалност на ресторанот„Mildreds Temple Kitchen“ од Торонто се нивните раскошни тоалети за секс набрзинка.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2020 04:46