Сликата што осамна на ѕид од куќа во Бристол, Англија, се покажа дека е на познатиот уличен уметник Бенкси.

На ѕидот е нацртана девојка која со чатал штотуку исфрлила сноп цветови неколку метри во воздух. Бенкси самиот откри дека делото е негово, објавувајќи слики од него на Инстаграм.

Кели Вудраф, чиј татко го поседува имотот, рече дека сега сакаат да го заштитат „специјалното дело“ од наближувањето на бурата Денис.

– Бидејќи е Денот на вљубените, сликата е навистина посебна и тоа што го имаме во 3-Д, па со цвеќињата, сè тоа е неверојатно, изјави Вудраф.

Taa ce обратила до градските власти, но тие рекле дека „не можат да понудат совети за помош“ околу заштитата на сликата на ѕидот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2020 14:36