Сен Лорен ја претстави новата кампања, проследена со видео и фотографии за претстојната пролет-лето 2020 колекција, со потпис на Антони Вакарело.
За новата линија #YSL31, луксузниот бренд избра познати лица, како што се Зои Кравиц, Фреја Беха Ериксен, Бинкс Валтон, Алија Питерсон, Елис ван Итерсон и Чарли Браун.
Колекцијата се состои од долги и прелевачки силуети, при што некои парчиња имаат вез, други – етерични дезен, како и проѕирни блузи, мини-бермуди и структурирани фустани со единствени шлицови. с