Емануел Адебајор (35) е промовиран во нов фудбалер на Олимпија од Асунсион.
Поранешниот напаѓач на Арсенал пристигна во главниот град на Парагвај и предизвика вистинска еуфорија помеѓу навивачите на клубот.
Адебајор беше дочекан на аеродромот од стотици фанови и проследен со колона автомобили со клупското седиште. Иако веќе некое време не е оној стариот профил на играч кој ги тресеше мрежите во Премиерлигата, сепак, на Парагвајците, очигледно, тоа не им пречи.