Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар синоќа против Селта го имаше својот прв натпревар по подолгото отсуство поради повреда. Средбата заврши 2:2.

– Се чувствував добро. Задоволен сум од мојот настап, но не и од резултатот. Се надевам дека ќе се однесуваме подобро на следните натпревари. Остануваат уште многу натпревари, ќе се бориме до крај. Имавме шанси и заслуживме да постигнеме повеќе голови. Работиме добро, напорно и очекувам повеќе успех на следните средби.

Реал Мадрид по 24 кола е лидер во Примера со 53 бода, Барселона е втора со 52.

Селта е на 17.место со 21 бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2020 11:02