Поранешниот играч од средниот ред на Милан, Руд Гулит, го советуваше раководството на клубот да го назначи неговиот сонародник Франк Рајкард за тренер.

Двајцата Холанѓани играа заедно многу години во Милано, каде што беа голем дел од успесите на тимот во доцните 80-ти и раните 90-ти.

– Зошто да не го побараат Рајкард? Ако сакате вашиот тим да игра добро, потребен ви е холандски тренер. Да, знам дека Сидорф не успеа во 2014 година, но тој си плати за недостатокот на искуство. Тие не му дадоа доволно време, прокоментира Гулит пред „Газета дело Спорт“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2020 23:19