Валенсија побара одложување на вечерашниот меч против Аталанта во Милано во осминафиналето од фудбалската Лига на шампиони. Шпанскиот клуб како причина за тоа ја наведе лошата состојба на тревникот на „Сан Сиро“.

Во последните 20-тина дена на „Сан Сиро“ асе одиграа дури 11 натпревари што, секако, оставија траги на подлогата. Претставници на Валенсија направија обиколка на теренот и се официјално се обратија до УЕФА за одложување на мечот.

Аталанта своите мечеви како домаќин во Европа ги игра во Милано од причина што нејзиниот стадион во Бергамо не ги исполнува строгите критериуми на УЕФА.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2020 22:13