Ирските пратеници заседаваат денеска за првпат од парламентарните избори на кои историски успех имаа републиканците на Шин Фејн, без нова влада, бидејќи преговорите меѓу трите најголеми политички партии во државата се стопирани.

Изборите беа на 8 февруари и со нив се измени изгледот на ирската политичка сцена на која во изминатите сто години беа двете големи партии на десниот центар – Фина Фојл и Фин Гел на премиерот во заминување Лео Варадкар.

Седницата, на која ќе присуствуваат сто и шеесет пратеници од Долниот дом на ирскиот парламент, е предвидено да започне во 13 часот по средноевропско време.

По изборот на претседател на Домот, политичките партии ќе ги претстават своите кандидати за функцијата претседтаел на Владата функција на која од јуни 2017 година е Лео Варадар.

Но, поради недостаток на мнозинство и договор меѓу партиите, седницата би можела да заврши брзо. Имено, Фина Фојл има 38 пратеници, Шин Фејн 37 и Фин Гел 35.

Поранешно сметано за политичко крило на ИРА, ирска републиканска армија, паравоена организација што се спротиставува на присуството на Велика Британија во Северна Ирска, Шин Фејн сега доби 24,5 проценти од преференцијалниот глас на изборите, најмногу од сите партии.

Билансот на моќ во парламентот е таков што најмалку три партии ќе треба да постигнат договор за да формираат коалициска влада.

Фина Фојл и Фин Гел ја отфрлија можноста за соработка со Шин Феин, кој пак започна консултации со помалите левичарски партии со надеж дека ќе формираат широка коалиција. Но, шансите за успех се мали.

Преговорите би можеле да одземат време и доколку не успеат, да доведат до нови избори.

По последните парламентарни избори во 2016 година, беа потребни 70 дена да се формира коалициска влада во која беа вклучени и Фина Фојл и Фин Гел.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2020 11:28