Во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа, синоќа се одиграа првите средби од шеснаестфиналните пресметки по кои со највисока предност се стекна премиерлигашот Вулвес.
Победа забележа и Спортинг за кого настапува македонскиот репрезентативбец Стефан Ристовски. Македонецот беше асистент во 44.минута кога гол постигна Сорар.
Постигнати резултати: Клуж – Севиља 1:1 Бриж – Манчестер јунајтед 1:1 Ајнтрахт Франкфурт – Салцбург 4:1 Копенхаген – Селтик 1:1 Хетафе – Ајакс 2:0 Лудогорец – Интер 0:2 Шахтјор – Бенфика 2:1 Спортинг – Башакшехир 3:1 АЗ Алкмар – ЛАСК 1:1 АПОЕЛ – Базел 0:3 Рома – Гент 1:0 Баер Леверкузен – Порто 2:1 Олимпијакос – Арсенал 0:1 Глазгов Ренџерс – Брага 3:2 Волфзбург – Малме 2:1 Вулвс – Еспањол 4:0.
Реваншите се закажани за следниот четврток.