Манекенката Емили Ратајковски пред точно две години, далеку од очите на јавноста стапи во брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Мекклард, за кого претходно не се ни знаеше дека ѝ е момче.

Двојката се венчала во присуство на мал број луѓе, а невестата наместо венчаница, носела жолта тоалета од Зара, што тогаш беше огромен хит, и голем црн шешир со мрежа. Манекенката тогаш на Инстаграм објави фотографии од венчавката, а сега, на годишнината, ги почести своите обожаватели и со видеоснимка од моментот кога кажала „да“ и првиот брачен бакнеж.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2020 15:15