Шест натпревари од 26. коло од Серија А ќе се играат без присуство на публика поради коронавирусот. Ова го соопшти министерот за младинска политика и спорт на Италија Винченцо Спадафора.

Пред празни трибини ќе играат: Удинезе – Фиорентина (29 февруари) Јувентус – Интер (1 март) Милан – Џенова Сасуоло – Бреша Парма – СПАЛ (1 март) Сампдорија – Верона (2 март).

За потсетување, поради епидемијата, одложени беа натпревари од 25. коло на италијанскиот шампионат, а средбата Интер – Лудогорец во Лига Европа ќе се игра без публика.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2020 15:07