Австрискиот канцелар Себастијан Курц, откако се потврдени првите случаи на коронавирус во Австрија, изјави денеска дека властите одлично се подготвени.

– Ги презедовме сите мерки за колку е можно подобро спречување на ширењето на вирусот, истакна Курц кој се наоѓа во посета на Лондон.

Тој нагласи дека приоритет е заштита на населението на Австрија и преземање се што е потребно за да се спречи ширењето на болеста.

Според него, важно е во Австрија и Европа да постои реална проценка на ситуацијата, укажувајќи дека нема место за паника.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2020 21:57