Седмиот извештај за ревидираната Европска социјална повелба, Годишната програма за работа на ЕСС за 2020 и Информацијата за работењето на ЕСС во 2019 година биле разгледани денеска на 57. седница на Економско – социјалниот совет (ЕСС) со која претседаваше заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

На седницата, како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика присутните дебатирале за сите точки и ги споделиле предлозите и мислењата на организациите кои ги претставуваат поврзани со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, како и за законски решенија од економската и социјалната сфера.

-Континуитетот на социјалниот дијалог на сите нивоа е една од клучните заложби на Владата, со цел да се обезбеди суштинска транспарентност и инклузивност на процесите кои ги води, се вели во соопштението.

ЕСС нотираше дека трипартитна делегација на Република Македонија ќе учествува на 109-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева, во јуни годинава. На Конференцијата, меѓу другото, ќе се дебатира за Нееднаквостите и светот на работата и за Стратешките цели на социјалната заштита во делот на социјалното осигурување.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2020 17:18