Вкупниот број на заразени лица од коронавирусот во Иран достигна 245, а 26 од нив се починати, соопштија од Министерството за здравство во Иран.

Претставникот на иранското Министерство за здравство, Кијануш Јахапур, соопшти дека во последните 24 часа се заразени нови 106 лица од коронавирусот.

Мојтаба Зонур, шеф на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот Парламент е позитивен на коронавирусот и се наоѓа во изолација.

Иран има најголем број на заразени лица од коронавирусот после Кина, од каде и потекнува коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2020 16:34