Амазон објави дека забранил продажба на милион производи во последните неколку недели поради лажни тврдења за лекување на коронавирусна болест или за заштита од инфекција.

Амазон е под лупа заради производи што се продаваат на неговата платформа, со тврдење дека нудат сигурна заштита од инфекцијата.

Италијанските власти поднесоа кривична пријава против трговците кои ги измамиле клиентите со таквите тврдења, продавајќи заштитни маски и средства за дезинфекција по енормно високи цени. Голем број луѓе почнаа со купување заштитни маски на интернет и тоа по нереални цени. Цената на зашптитна маска на интернет се зголеми од еден евроцент на 10 евра, а литар дезинфекциско средство од осум евра во минатата недела на 30 во вторникот. На Амазон е утврдено дека пакет од 10 заштитни маски се продава за 128 долари иако до неодамна таа цена беше 41,2 долари. – Амазон нема да толерира нереално високи цени, нагласува во соопштение портпаролка на компанијата.

Таа се повика на политиката на компанијата дека информациите за производот мора да бидат точни и истакна дека Амазон може да отстрани понуди доколку се утврди дека ја нарушуваат довербата на клиентите.

Ова исто така важи и за цените „значително повисоки од она што се бараше за одредени производи во претходниот период, на или надвор од Амазон“, додаде таа.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 14:33