Бомбардирањето на либискиот главен град денеска е интензивирано поради што принудно е евакуиран дел од пациентите од болницата недалеку од единствениот преостанат отворен аеродром.
Според некои светски агенции денешното бомбардирање е едно од најтешките од потпишувањето на договорот за прекин на огнот постигнат во јануари.
Низ градот одекнуваат експлозии, а облаци црн чад излегуваат од локации во близина на аеродромот Митига кој е под контрола на Владата.
Вооружените конфликти меѓу Либиската национална армија (ЛНА), лоцирани во источниот дел на земјата, предводени од Калифа Хафтар и меѓународно признатата Влада на националниот договор (ВНД) во Триполи, се разгоруваат, додека ОН бараат да се одржат мировни преговори во Женева.
ЛНА ја поддржуваат Египет и Обединетите Арапски Емирати, додека Турција и здружените борбени единици од Сирија ги поддржуваат ВНД.