Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека сузбивањето на ширењето на новиот коронавирус во светот е можно, но шансите за тоа се сè помали.

– Не е време за паника, време е да бидеме подготвени, целосно подготвени, изјави Гутереш пред новинари во Њујорк.

Тој рече дека сега е време сите земји да ги интензивираат напорите и да направат се што е во нивна моќ да го спречат ширењето на вирусот, но додаде дека шансите за тоа се намалуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 23:44