Иран денеска ја отфрли понудата на САД да помогне во борбата против коронавирусот како „смешна“, истакнувајќи дека токму поради американските санкции земјата не може да набави ниту лекови.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно изјави дека САД му понудиле помош на Иран и изрази сомневање во подготвеноста на Техеран да споделува информации.

– Изјавата за помош на Иран во борбата против коронавирусот од земја која со својот економски тероризам изврши голем притисок врз иранските граѓани, па дури ги затвори и патишта за купување лекови и медицинска опрема е смешна политичко-психолошка игра, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2020 23:46