Само неколку часа пред почетокот на церемонијата на Француската академија на филмот Цезар, екипата на филмот Обвинувам на Роман Полански, одлучи да не се појави на свеченоста, јави дописникот на МИА.

Филмот Обвинувам, инспириран од аферата Дрејфус е номиниран за 12 Цезари и никој од екипата на Роман Полански, меѓу кои и актерот Жан Дижардан нема да се појавата во салата Плејел.

-Само би сакал да ве потсетам дека J’accuse (Обвинувам) е наслов на прилично позната статија на Емил Зола, се надевам дека тоа не му пречи на никој? Имајте добра вечер! , напиша Дижардан на својот Инстаграм профил со фотографија од весникот Орор со насловната славната статија J’accuse како гори, кој во филмот го игра потполковникот Пикарт, началник на разузнавачките служби кој ги објави доказите со кои се докажа невиноста на капетанот Дрејфус.

Изутринава, министерот за култура, на Франција Франк Ристер за „Франс инфо“, изјави дека доделувањето на наградата за најдобар режисер на француско-полскиот режисер Роман Полански ќе биде штетен знак испратен до оние кои се борат против родовото насилство.

-Цезар за најдобар режисер за Роман Полански би бил лош симбол во споредба со потребната свест што сите мора да ја имаме во борбата против сексуалното и родовото насилство, секој од гласачите (на академијата Цезар) (…) треба да преземе одговорност, рече министерот.

Од друга страна, министерот не гледа никакви непријатности за да му се додели Цезар за најдобар филм, проценувајќи дека „Обвинувам“ е дело на „тим“ и дека нема „причина да се казни колективот во однос на евентуално казниво однесување на еден од уметниците “.

Покрај тоа, Ристер ја разбира одлуката која ја нарече „мудра“ – на Роман Полански да не дојде на церемонијата на Цезар овој петок вечер. Притоа министерот додаде;

-Многу е сложено прашањето на Роман Полански и филмот Обвинувам(…) не смееме да мешаме дела и уметници – барем луѓето кои се уметници – затоа што делото мора да биде заштитено. Гарантирам слобода на создавање и слободен пристап до уметнички дела и духот“.

Франк Ристер всушност ја повтори тезата што ја разви во ноември 2019 година:

-Важно е да се осигураме, да речеме, дека не е затоа што ние сме уметници, дури и реномирани, дури и талентирани, дека имаме гаранција за неказнетост, важно е да се разликуваат работите.

45-тата церемонија на Цезар се одржува во вечерва под голема тензија, поради позадината на очекуваните реформи – особено за паритетот – и најавени протести пред салата Плејел против 12-те номинации за Обвинувам на Роман Полански.

Претходно оставката на претседателот на академијата и нејзиниот одбор на директори само петнаесет дена пред вечерта. Повеќе гости веќе го откажаа нивното учество, а се поставува и прашањето кој ќе се качи на сцената, во случај ако 86 годишниот Полански добие Цезар.

Претседателот на церемонијата, Сандрин Киберлен веќе предупреди дека нема да зборува за политиката. Што се однесува до младите кои се избраби да ги доделуваат Цезарите, нивните текстови ги напиша хумористката и водител на церемонијата Флоренс Форести. Значи можат да се очекуваат пикантерии. Форести никогаш не ги криела своите мислења. На објавувањето на номинираните во јануари, наместо да рече Обвинувам, таа рече:

-За Роман Полански, јас сум обвинет …

Најбруталните напади несомнено ќе можат да дојдат од Селин Скиама и Аделе Хаенел. Дорија Тилиер, Забу Брејтман, Жосијан Баласко, Ноеми Мерлант, Анаис Демустиер, Мелвил Пупо и Арно Десплешан, кои исто така можат да изговараат зборови што болат.

Ова 45-то издание кое ветува дека ќе биде специјално за францускиот филм ќе започне околу 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/02/2020 00:14