Деветнаесет нови случаи на заразени со коронавирус денеска беа потврдени во Франција, со што бројот на заразените достигна вкупно 57 лица од почетокот на здравствената криза, јави дописникот на МИА.
– Премината е нова етапа од епидемијата, изјави министерот за здравство Оливие Веран, при посетата на Крепи-ан-Вароа, каде почина првиот француски државјанин, инаку наставник во основано училиште, како последица на заразата.
Француската Влада вети целосна транспарентност за кризата со коронавирусот.