Челзи претрпе уште едно разочарување по ремито од 2-2 во рамките на нивната посета на една од најслабите екипи во Лигата – Борнемут.

Алонсо ги доведе во предност гостите во 33 минута, а Лерма израмни во 54-тата минута. Домаќините дојдоа до целосен пресврт три минути подоцна, но Шпанецот со својот втор гол го спаси лондонскиот тим од голем резил.

„Сините“ по овој кикс остануваат на 4-то место со 45 бода, додека „црешите“ ја заземаат 17-тата позиција со 27 поени и екипата е на само два бода над зоната за испаѓање.

Резултати од Премиер лига:

Брајтон – Кристал Палас 0:1 Борнемут – Челзи 2:2 Њукасл – Барнли 0:0 Вест Хем – Саутемптон 3:1

Петок:

Норвич – Лестер 1:0

Во моментов се игра дуелот помеѓу Ватфорд и лидерот на табелата Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2020 09:15