Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган ќе имаат средба во Москва на 5 март, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ердоган ќе биде во еднодневна посета на Москва во време на засилени тензии меѓу Турција и Русија поради ескалацијата на судирите со сириските владини сили во Идлиб.

Ердоган и Путин ќе разговараат откако 33 турски војници беа убиени во воздушните напади во Сирија Идлиб минатата недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2020 13:35