Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека неговата земја нема да ги затвори границите со државите од ЕУ за сириските бегалци.
– Откако ја отворивме границата почнаа телефонски повици со барање да ја затвориме. Сега и ЕУ ќе носи дел од товарот, истакна Ердоган во Анкара.
Тој изрази надеж дека в четврток на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде договорено примирје во сирискиот регион Идлиб.