Советникот на иранскиот претседател Хасамедин Ашена побара од САД да ги укинат санкциите кон Иран кои, како што кажа, ја отежнуваат борбата на земјата против коронавирусот.

„Зарем не сфаќате дека коронавирусот е меѓународен проблем. Што повеќе се шири овде, толку е поголема веројатноста дека ќе се прошири и кај таму. Не чекајте повик да помогнете во сузбивање на вирусот, укинете ги санкциите кои не попречуваат брзо да се бориме против него“, напиша Ашена, обраќајќи му се на американскиот претседател.

Тој додаде дека санкциите ја оштетиле инфратруктурата на иранското здравство, пренесуваат руските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2020 15:53