Произведувањето на месо одматични клетки, кои не се развиваат во телата на животните, туку во машини, иако е се уште во лабораториска фаза, забележа голем напредок во последниве шест години. Саемот за земјоделство во Париз беше прилика да се создаде здружението за Клеточна агрикултура на Франција, јави дописникот на МИА.
Клеточната агрикултура или одгледување на клетки се состои во земање на матични клетки од животното, нивно поставување во средина каде што ќе ги имаат потребните хранливи материи за да се размножуваат и специјализираат. Ова се прави додека не добиете пилешко, говедско, свинско месо…, па дури и „фуа грас“ (масен црн дроб).
Имено, како пример, може да се земе едно од најпосакуваните и најкритикуваните јадења на французите „Фуа гра“, ова поради насилното гоење на патките. Треба да се земат неколку матични клетки од свежо снесеното јајце од патка. Тие се ставаат во култиватор, машина што ќе го репродуцира идеалното опкружување за нивно развивање и размножување. Во исто време со иста температура и исти хранливи материи (шеќери, масни киселини, анимирани киселини) кои можат да се најдат во телото на патката. Потоа, се прилагодува нивната диета, така што тие се специјализираат во клетки на црниот дроб. На крај се зголемува дозата на растителни масти во нивната исхрана – за да се репродуцира ефектот на принудување (гоење) со храната и на крајот ќе добиете, масни клетки на црниот дроб од патки…
Со други зборови, фуа гра … произведен без страдање на животните.
На овој проект работи француската старт-ап фирма „Гурмеј“, ко-основана во април 2019 година од Николас Морин-Форест и биолозите Антоан Давидоф и Виктор Сајос. Тие ја користат клеточната агрикултура во најскапиот производ на француска гастрономија, што истовремено е контроверзен поради страдањето на животните при неговото производство.
Така може да се добие фоа-гра, но и пилешко месо, мелено месо, колбаси, риба … Без оглед на производот, процесот е во основа ист.
-Одгледувањето на клетки е инспирирано од она што се прави при лекувањето изгореници на кожата, објаснува Натали Роланд, специјалист за сточарство во рамките на невладината организација ПроВег и ко-основач на здружението Клеточно земјоделство Франција, кое беше основано минатата недела. Идејата е клетките повеќе да не растат во животинско тело, туку во машина.
Таа, потоа ги истакнува повеќекратните предности што култивираното месо кое може да ги донесе:
-Повеќе не мора да се убиваат животни или да се предизвикува страдање на животни, со што значително се намалуваат емисиите на стаклени гасови во споредба со одгледувањето на добиток, се троши помалку вода и помалку земјиште, повеќе не се употребуваат антибиотици. А сепак, повторно, може да се произведе прилагодено месо … без холестерол, на пример, вели таа.
Накратко, клеточната агрикултура би била клуч за ќор-сокакот во кој се наоѓа индустриската агрикултура. Посебно ако се знае дека треба да се најде одговор за зголемувањето на светското население на 9,8 милијарди луѓе во 2050 година.
Ова повеќе не е научна фантастика. На 5 август 2013 година, холандскиот биолог Марк Пост го претстави првиот стек од култура на матични клетки. Парче месо од само неколку милиметри и 142 грама, произведено според проценетата цена помеѓу 250.000 и 290.000 евра.
Шест години подоцна, алтернативите за производство на месото постигнаа голем напредок. Во книгата „Стек Барбар, Веган Холдинг во чинијата“, во спроведеното истражување објавено за клеточната агрикултура и здруженијата и претпријатијата кои ја промовираат, новинарот Жил Луно идентификува 490 компании кои работат на ова ширум светот. Најголемиот број од нив се во Силиконската долина (САД), но ги има и во Канада, Израел и во северна Европа.
Клеточното земјоделство не е нивна единствена активност. Повеќето (317) работат на производство на месо од ерзац од растителни протеини. Тоа е веќе во нашите чинии, вели Жил Луно. Невозможниот Бургер, хамбургер со растителни протеини, кој имитира крв од месо, се нуди во Бургер Кинг ресторан за брза храна во Соединетите Држави. Синџирот „Бафало Грил“, исто така, нуди чизбургер без месо во своите ресторани во Франција, од минатиот октомври.
Сепак, Николас Морин-Форест, појаснува дека дури и ако квалитетот на вкусот на овие месни производи засновани на протеини на месо значително се подобри, до тој степен што ги заведува дури и „ јадачите од месо “, а не само веганите, тие веројатно нема да можат да ја репродуцираат совршено текстурата и вкусот на животинското месо.
Во извештајот на американскиот кабинет АТ Кирни, објавен во јуни 2019 година, се предвидува дека „35 отсто од целото консумирано месо во 2040 година ќе доаѓа од матични клетки и 25 отсто од растителна замена. Но, сè уште е рано да го најдеме во нашите чинии. На пример, Гурмеј ќе го претстави првиот прототип на фоа гра (неколку грама) во наредните месеци, но не планира да го продава пред три или пет години.
И Натали Роланд и Николас Морин-Форест утврдиле дека постојат две пречки за култивираното месо. Првата е регулаторната рамка, за да продажбата на култивирано месо биде одобрена. Втората е да се премести од лабораторијата во големо производство, однсоно култиватори на големи количини. Предизвикот е да се намалат трошоците за производство, бидејќи храната што им се дава на ќелиите, за да тие се размножуваат и специјализираат е многу скапа денес, објаснува Николас Морин-Форест.
Сепак, најголемиот предизвик е оној на подготвување на потрошувачите на идејата да ги јадат овие алтернативи на месото. Здружението на Клеточното земјоделство во Франција е дел од оваа логика. Здружението сè уште нема свој штанд на саемот, но Натали Роланд веќе учествуваше во првата дебата како ко-основач на здружението.
Жил Луну зборува за „економска и идеолошка офанзива“, која има за цел „да го смени снабдувањето со храна со замена на конвенционалното месо со култивирано или растително месо.
-Во прашање е, во секој случај, прекин на цивилизацијата, овие нови начини на производство на храна ставаат крај на 10 000 години земјоделство и одгледување кои не само што нè хранат, туку и ги обликуваат нашите пејзажи, вели тој, иако е свесен за тековните проблеми на сегашниот агро-индустриски систем.
Кристијан Ремиси, пензиониран директор за истражување во исхраната на човекот во ИНРА денес и автор на „Ла нутрикологија“, смета дека клеточното земјоделство е уште еден чекор во агробизнисот и „нутриционизмот“, „оваа грешка што нутриционистите ја направија да се фокусираат на хранливи материи, а не повеќе на глобална исхрана“. Ова со ризик од натамошно присилување на стандардизацијата на нашата храна. И за да се отсечеме малку повеќе од она што го јадеме.“
Сепак, Николас Морин-Форест повикува да не се осудува пребрзо одгледувањето на ќелии.
-Ниту една компанија денес не може да произведува рутински во голем обем. Се разбира, има неколку работи што треба да внимавате. На пример, дека енергијата што се користи за производство на култивирано месо биде без јаглероден диоксид. Но, клеточната агрикултура во секој случај може да биде едно од решенијата да се излезе од индустриското земјоделство. Исто како и јадењето на помалку месо, вели таа.