Во Скопје изминатиот викенд беше претствена новоформираната асоцијација „Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници“ (МАТАВП), чија цел е унапредување на позицијата на туристичките водичи.

Како што информираат од Асоцијацијата, притоа претседателот на МАТАВП Димитар Кавраков и потпретседателот Елвир Садиковиќ со членовите на Управниот одбор ја презентираа програмата и целите на асоцијацијата.

-Асоцијацијата ќе работи во насока да ја подобри позицијата на водичите во нивната работа, а во исто време да се променат некои законски одредби со кои ќе се заштитат интересите на туристичките водичи и придружници, беше истакнато на презентацијата на новата асоцијација, се вели во денешното соопштение од оваа асоцијација.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2020 12:53