Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, стана уште еден стратег кој не пропушти да го пофали Јирген Клоп и неговата работа во Ливерпул.

Тренерот на лондонските „сини“ призна дека клубот се обидува да го копира моделот наметнат од германскиот стратег на „Енфилд“.

Двата тима се соочуваат еден против друг денес во натпревар за ФА Купот на „Стемфорд Бриџ“.

– Патувањето на Ливерпул досега беше неверојатна приказна. Ние видовме едно патување, кое го претвори овој тим во апсолутна машина, која гази сè пред себе. Сепак, ова може да одземе време. Зад победнички тим, стои многу работа – тоа е она што сакам да го сторам во Челзи. Ливерпул го помина планот што ќе се обидеме да го направиме и во Челзи. Ливерпул е одличен модел. Она што тие успеаја да го завршат беше навистина фантастично, рече Лампард.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2020 14:21