Единствената национална австралиска новинска агенција ААП прекинува по 85 години работа. Повеќе 170 вработени во јуни ќе добијат отказ поради се поголемото влијание на дигиталните платформи како Фејсбук и Гугл.

Главниот и одговорен уредник на ААП, Тони Гилис, во твитот нагласува: „Најтажниот ден: „ААП се затвора по 85 години извонредно новинарство. Семејството ААП сериозно ќе недостасува“.

Ангажманот на главниот извршен директор на АПП, Брус Дејвидсон, ќе престане на крајот на јуни.

Во ААП работат повеќе од 170 новинари – во сите држави и територии на Австралија, и дописници од Нов Зеланд, Лондон и Лос Анџелес, како и користење мрежа на соработници од САД, Европа, Азија и Африка.

АП ги лиценцираше своите услуги за текст и фотографии за вести на ААП за редистрибуција на австралискиот пазар на медиуми и нејзините клиенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2020 14:21