Полицијата во неколку германски сојузни покраини извршила претреси вперини против радикално десничарската група „Aryan Circle Germany”. -Дванаесетте осомничени во јуни минатата година се здружиле во организацијата со цел за подготват и преземат напади врз странци, соопшти државното обвинителство во Фленсбург.

Според истите информации, осомничените засега не ги дефинирале конкретните цели за напади.

При претресите е запленето поголемо количество пропаганден материјал и дигитални докази за основање екстремистичка група.

Некои од осомничените во минатото веќе биле казнувани заради кршење на законот за поседување оружје, како и заради казнување на делата со радикално десничарска заднина.

“Aryan Circle Germany” е формирана по урнекот на „Aryan Circle“ кои кон средината на осумдесетите години на минатиот век беше основана во затворите со цел да ја пропагираат надмоќноста на белата раса.

Германската Влада, по нападот врз синагогата во Хале, минатата есен, и масакрот со радикално десничарската заднина, минатиот месец, во Хабау, најави поостар однос кон екстремно десничарската сцена во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2020 20:59