Најмалку две лица загинаа додека околу 40 објекти се урнати во торнадо што го погоди Нешвил во Тенеси.

Две лица загинаа во источен Нешвил, соопшти полицијата, додека пожарникарите соопштија дека се урнале околу 40 објекти. Повеќе лица се повредени, јавија локални медиуми.

Аеродромот што се наоѓа во близина на Нешвил, исто така, претрпе значителна штета како резултат на торнадото и оштетени се неколку хангари.

Тенеси е една од државите што денеска ќе излезе на гласање за да избере демократски кандидат кој ќе се кандидира против Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2020 21:09