Откако Министерството за финансии информираше дека по основ на доспеани хартии од вредност Министерството за финансии утре и на 8-ми март ќе врати 8,1 милијарда денари или 131,7 милиони евра во стопанството со реакција излезе и дополнителната заменик-министер во МФ.

Во продолжение интегрален текст од реакцијата:

Македонија денес се задолжи 8.1 милијарда денари за да може да се раздолжи утре. Нема никакво враќање пари во стопанството како што пишува во соопштението од Министерството за финансии. Ова е лажно преставување на фактите, бидејќи парите ќе се вратат на финансиските институции (банките).

МФ и Владата не мислат на стопанството, да мислеа немаше данокот на добивка и понатаму да паѓа, односно стопанството и понатаму да тоне.

Само од јануари до денес нето задолжувањето изнесува цели 52 милиони евра. Oва е моменталната ситуација во државата:

Државата се задолжува, капиталните инвестиции се на рекордно најниско ниво, што значи имаме непродуктиви трошења.

Понатаму, она што треба да биде двигател на економијата, а тоа е бизнисот или стопанството, секој ден бележи се полоши резултати за што доказ е и данокот на добивка, кој има помала реализација во однос на лани за 17,75% (јан-фев 2020/2019).

Данокот на добивка не е остварен за 27,01% во однос на планираното (јан-фев 2020).

Како ќе се раздолжуваме и ќе реализираме капитални инвестиции, ако не можеме да си го оствариме она што е планирано?!



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2020 00:07